ЕМЕРИ ПАЗАРИ ОФАНЗИВЕЦ ОД РЕДОВИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕПРВАК
Објавено на: 13.01.2025
Астон вила обезбеди сериозно засилување во овој јануарски преоден рок, потврди Фабрицио Романо.
На пак кон Премиер лигата е Дониел Мален, офанзивецот на Борусија Дортмунд. Вила ќе исплати 23 милиони евра во кеш и уште 3 милиони евра во бонуси, а холандскиот репрезентативец ќе потпише повеќегодишен договор.
Мален всушност се враќа на Островот ако се знае дека беше младинец на Арсенал, меѓутоа не доби вистинска шанса да се докаже дека има квалитет за првиот тим на Топчиите.
По успешните авантури во ПСВ Ајндховен, па во Дортмунд, Мален сега ќе биде дел од тимот на Емери кој има исклучителна сезона во Лигата на шампионите, како и нова борба за топ 4 во англискиот шампионат.