Фудбал

ПО КАТАРСКATA РОМАНТИКА, РЕАЛНОСТА ГО СИМНА КОНСЕИСАО ОД ОБЛАЦИ

Серџо Консеисао не се воздржа да испрати критики до својата екипата по ремито на Милан со 1-1 Каљари, што беше негов прв лигашки натпревар откако го презеде кормилото на Росонерите од неговиот сонародник Пауло Фонсека.

Милан пред своите навивачи се појави по тазе освоениот трофеј во италијанскиот Суперкуп, па фановите се надеваа дека победите над Јувентус и Интер ќе бидат гориво за уште еден позитивен резултат, кој за нивна жал не се случи.

Колку всушност беа далеку од целта, доволно кажува коментарот на Консеисао:

„Цели 13 години работам како тренер и не грешам кога велам дека ова беа најслабите 45 минути кои ги одиграла која било моја екипа. Знаејќи ги моите играчи, воопшто не го покажаа квалитетот кој го поседуваат, очекував многу, многу повеќе“, изјави Консеисао.

Суперкуп-трофејот беше освоен на доста романтичен начин, но дома се појавија вистинските проблеми на кои Консеисао ќе треба да посвети многу време за да ги реши.