Фудбал
КРИСТИЈАН АСЛАНИ КАКО АРТИМ ШАКИРИ (ВИДЕО)
Објавено на: 19.12.2024
Интер води 2:0 на полувреме во Купот на Италија против Удинезе, а особено вреди да се истакне вториот гол кој го постигнаа нероаѕурите кој беше ремек-дело на Кристијан Аслани.
Албанскиот плејмејкер е задолжен за изведување на прекините кога Хакан Чалхноглу и Димарко не се на теренот, а тој тоа максимално го искористи вечерва, постигнувајќи гол од корнер, во стилот на нашиот Артим Шакири.
Погледнете го голот: