Останато

ФЈУРИ СО НАЈЧУДНОТО ИНТЕРВЈУ: БОЛКА, МНОГУ БОЛКА И КРШЕЊЕ (ВИДЕО)

Тајсон Фјури во сабота навечер ќе се обиде да му се реваншира на Олекандр Усик и да ги освои четирите појаси за светски шампион во тешка категорија. Бокс-спектаклот ќе се одржи во Ријад, Саудиска Арабија, каде што сѐ е подготвено во овој момент и се чека само саботното шоу.

Во пресрет на мечот, Фјури одржа многу чудно интервју, повторувајќи само неколку зборови како „болка“, „повреден“ и „кршење“, иако не се совпаѓаа со прашањата на новинарката.

– „Какво друго изненадување да очекуваме од тебе во сабота?“

– „Многу болка“

-„Ух, само туку така?“

– „Кршење и штета“

На крајот новинарката го праша дали планира да се избричи пред мечот или ќе боксува со брадата, на што Тајсон повторно одговори „Многу болка“…