Мотоспорт

ПО ШУМАХЕР, И ХАМИЛТОН ЌЕ ЖИВЕЕ ВО КУЌАТА НА ЕНЦО ФЕРАРИ

Луис Хамилтон започнува нова авантура во 2025 година како возач на Скудерија Ферари, на местото од Карлос Сајнц.

Седумкратниот светски шампион треба да биде човекот кој ќе ја врати светската титула во Ферари, на која се чека oд 2007 година кога Кими Рајконен последен пат ја освои.

Колку е важен Хамилтон за Ферари, покажува следниот потег – да му се додели куќата на Енцо Ферари, основачот на гигантската автомобилска компанија, во која во минатото престојуваше и легендарниот Михаел Шумахер.

Резиденцијата во Фиорано ќе биде базата на Хамилтон во следните две години, односно колку што ќе трае соработката меѓу Британецот и италијанскиот Ф1 тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prestige Houses (@prestigehouses)