БЕКОТ НА БАРСА ПОСТАВИ СВЕТСКИ РЕКОРД
Објавено на: 19.12.2024
Жил Кунде е фудбалерот кој одигра најмногу минути во 2024 година, поставувајќи апсолутен светски рекорд.
За Барселона и Франција оваа година одигра вкупно 69 натпревари, а на теренот помина неверојатни 5.872 минути. Според истражувањето на ЦИЕС на светско ниво спроведено во 66 лиги, Кунде е на самиот врв, додека зад него е ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде со 5.663 минути во 67 натпревари за Реал и Уругвај.
Трет играч со најмногу одигани минути во 2024 година е асот на Флуминенсе, Џон Аријас, со 5.559 минути забележани во 67 натпревари.
Кунде ќе го подобри овој рекорд утре во дербито против Атлетико Мадрид, што воедно ќе биде и последен дуел за Каталонците за оваа година, а потоа следува зимска пауза во шпанскиот фудбал.