Фудбал

ТРЕНЕРОТ НА ТОТЕНХЕМ ГО ЗЕДЕ ТЕН ХАГ ЗА ПРИМЕР: ОСВОИ ДВА ТРОФЕИ, А ШТО МУ СЕ СЛУЧИ…

Тотенхем вечерва го пречекува Манчестер сити во осминафиналниот дуел од англискиот Лига Куп, а една од темите на која се зборува на Островот деновиве е отказот на Ерик Тен Хаг од кормилото на Манчестер јунајтед.

Новинарите го прашаа Анге Постекоглу дали очекува да го снајде истата судбина доколку наскоро не донесе некаков успех за популарниоте лондоски Петли.

„Тен Хаг освои два трофеи за две сезони, па еве што му се случи. Тоа е доволен доказ дека само трофеите не се доволни за да сметате дека носите успех на клубот. Многу е тешко да се погоди што еден клуб сака. Има некои преферираат да се игра убав фудбал за око и на тој начин да се стигне до трофеј или титула, додека пак други клубови ги интересираат само титули, но не и начинот на кој ќе игра екипата. Како и да е, трофеите не се гаранција дека ќе ја задржите работата“, истакна австралискиот стратег.

Токму трофеј, или трофеи, недостасуваат во витрините на Тотенхем, нешто што не успеаја да донесат ниту великани тренери како Мурињо и Конте, но за разлика од нив, Постекоглу негува офанзивен и атрактивен фудбал и се надева дека со неговата философија наскоро ќе стигнат и трофеите, со акцент дека за еден проект да функционира треба време и труд.