Фудбал

КОМО Е ЏЕНТЛМЕНСКИ КЛУБ: ФАНОВИТЕ НА НАПОЛИ ЌЕ ДОБИЈАТ БЕСПЛАТНО ПИВО ВО РЕВАНШОТ

Комо за кратко време ги собра симпатиите од фудбалската јавност, а најновиот потег на управата е за чиста 10-ка.

Имено, во поразот на гости кај Наполи од 3-1, тимот на Комо доживеа максимално спортски однос од страна на домашните навивачи, а поради тоа договорено е бесплатно пиво за фановите на Наполи кои во февруари ќе присуствуваат во реванш-дуелот од Калчото.

„Сакаме искрено да се заблагодариме на Наполи и навивачите на овој клуб за коректниот спортски однос како на трибините, така и на социјалните мрежи. Атмосферата на „Марадона“ стадионот беше незаборавна, а им нема рамни на навивачите на Наполи. Поради тоа, во знак на благодарност, би сакале да ги почастиме пиво сите навивачи на Наполи кои во февруари ќе допатуваат во Комо за реванш-дуелите на двете екипи“, стои во соопштението на Комо.

Така прават вистинските џентлмени.