ПОРАНЕШНИОТ КЛУБ НА МИОВСКИ Е ЕДИНСТВЕН ВО ЕВРОПА СО МАКСИМАЛЕН УЧИНОК
Објавено на: 07.10.2024
Абердин лесно го преболе заминувањето на миленикот Бојан Миовски, а потврда за тоа е низата победи на овој шкотски прволигаш.
Имено, Абердин моментално е единствен клуб во Европа со максимален учинок, односно 13 победи на исто толку меча во сите натпреварувања од почетокот на сезоната досега.
По триумфот од 3-2 против Хартс, Абердин се изедначи со лидерот Селтик на табелата со по 21 бод, а воедно екстимот на Миовски ги доби сите дуели сезонава и во лигашкиот Куп на Шкотска.