Фудбал

КОЛ ПАЛМЕР – НОВАТА МЕТА НА РЕАЛ?

Кол Палмер продолжува со сензационалните настапи во дресот на Челси и оваа сезона.

Англискиот офанзивец веќе има шест погодоци и пет асистенции по седум меча во Премиер лигата, со што стана најефикасен фудбалер во англиското првенство откако потпиша за Сините во последниот ден од ланскиот летен преоден рок.

Палмер учествуваше во дури 44 погодоци како стрелец или асистент, оставајќи го зад себе Ерлинг Халанд како најефикасен играч во лигата, а доколку продолжи со овие бројки, Грем Сунес, легендата на Ливерпул, смета дека Палмер нема уште долго да се задржи на „Стемфорд Бриџ“.

Сунес вели дека Реал Мадрид ќе тргне по неговиот потпис и тоа со богата понуда.

„Ако Палмер продолжи да игра на ова ниво, а верувам дека ќе продолжи, нема да бидам изненаден доколку Реал чукне на вратата на Сините. Дури мислам дека без проблем би платиле и 150 милиони евра за него“, истакна Сунер.

Иако е само став на Сунес, тој вели дека Кралевите веќе идното лето би лансирале атак кон Палмер, со услов да се ослободи место во стартните 11, конкретно Родриго да го напушти шпанскиот гигант.