Фудбал

ЖОЗЕ СЕ ПОФАЛИ СО НОВИОТ ЛАПТОП, А СУДИЈАТА МУ ДАДЕ ЖОЛТ КАРТОН (ВИДЕО)

Фенербахче рутински ги освои бодовите на гостувањето кај Анталијаспор, а Жозе Мурињо ја искористи таа прилика да се пофали со новиот преносен компјутер што си го купил.

Толку беше среќен што се поднови со „новата машина“, дури и го стави лаптопот пред камера за да видат и гледачите на кои натпреварот го проследија преку малите екрани.

За жал, на судијата тоа не му се допадна, особено што тој нема нов лаптоп, па реши да го казни Специјалниот со жолт картон. 😀

Шега на страна, Португалецот беше видно незадоволен од арбитражата откако голот на Џеко беше поништен поради недозволена позиција, па за да покаже дека судијата направи огромна грешка, Мурињо во негов стил со снимка од ситуацијата реши да ја обелодени грешката на ВАР и судиите.