Фудбал

АКЦИЈА – РЕАКЦИЈА, КУРТОА ВО КЛИНЧ СО НАВИВАЧИТЕ ПА МЕЧОТ БЕШЕ ПРЕКИНАТ

Големото дерби во Мадрид е во прекин, откако судијата Бускетс Ферер ги повика играчите да се повлечат во соблекувалната.

Реал Мадрид поведе со голот на Едер Милитао, а прославата не се одвиваше само на половината на Атлетико, туку и на голот на кралевите. Тибо Куртоа се сврте кон највжештените навивачи на Атлетико, славејќи и гестикулирајќи кон нив, а тие возвратија со предмети на теренот.

Судијата го прекина натпреварот, а Коке, Симеоне и Хименез се упатија кон „проблематичната“ трибина за да побараат од навивачите да ги смират страстите.

Дали ќе продолжи и кога, останува да видиме.