Фудбал

НАСЛЕДНИКОТ НА ТЕН ХАГ ЌЕ ДОЈДЕ ОД ЊУКАСЛ ИЛИ ОД МИЛАНО?

Ремито со Твенте на стартот од кампањата на Манчестер јунајтед во Лигата на Европа може да биде пресудно за Ерик Тен Хаг. Управата полека го губи трпението со холандскиот стратег и има големи шанси да биде разрешен од клупата во наредниот период, доколку екипата на Црвените ѓаволи не ги подобри резултатите.

Англиските медиуми веќе наведоа две имиња кои би можеле да го наследат жешкото столче од Тен Хаг, а тоа се Еди Хау од Њукасл и Симоне Инзаги од Интер.

Околу Инзаги, речиси е невозможно да биде ангажиран бидејќи Италијанецот подолго веме води успешен проект во Милано. Во ланската сезона Интер беше шампион во Калчото, сезона претходно играа финале во Лигата на шампионите, за што Инзаги доби награда во вид на нов договор.

Хау пак, исто така е дел од големиот проект на популарните Страчки, но тимот одреден период стагнира и покрај големите вложувања. Доколку стигне добра понуда, Хау би размислил дали да премине од еден во друг англиски гигант.

Како и да е, се одбројуваат деновите на Тен Хаг како предводник на Јунајтед, а кој и да биде неговиот наследник, ќе има тешка задача да го врати трофејниот клуб од Манчестер во шампионско издание.