СЕЗОНАТА ВО КОЈА 22-ГОДИШНИОТ РОУЗ БЕШЕ ПОДОБАР И ОД ЛЕБРОН, КОБИ, ДУРАНТ…(ВИДЕО)
Објавено на: 26.09.2024
Дерик Роуз, еден од најдобрите плејмејкери во поновата историја во НБА, денес и официјално стави крај на кариерата по 15 сезони во најатрактивната кошаркарска лига во светот.
Бројните повреди го спречија во целост да го истакне неговиот квалитет и потенција, но сепак ни остави спомени кои многу идни генерации ќе учат од него.
На само 22 години беше избран за најкорисен играч во НБА, тоа беше сезоната 2010-11, а во 2009 година беше избран од Чикаго булс како прв пик на драфтот. Како изгледаше сето тоа, ќе се потсетиме на следното видео: