Фудбал

ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА ФАНОТ НА МАЈОРКА КОЈ ГИ ВРЕЃАШЕ ВИНИСИУС И ЧУКВУЕЗЕ НА РАСНА ОСНОВА

Судот во Палма денес му изрече казна од една година затвор и забрана за влез на фудбалски стадиони до три години на навивачот кој ги вреѓаше Винисиус јуниор и Самуел Чуквуезе на расна основа.

Двата инциденти се случија во февруари 2023 година, по што навивачот беше фатен по долга истрага по поднесената тужба од страна на Ла Лига.

За двата случаи навивачот доби по шест месеци затворска казна и по 18-месечна забрана за влез на стадиони во Шпанија. Вкупно една година зад решетки и три години забранет пристап до мечеви од шпанското првенство и купот на Шпанија.