ВТОРА ШАНСА ЗА СТОЛЕ ВО БАРСА? ФЛИК ГО ОДБРА МАКЕДОНЕЦОТ КАКО МОЖНА ПРИВРЕМЕНА ЗАМЕНА ЗА ТЕР ШТЕГЕН
Објавено на: 24.09.2024
Катастрофалната повреда на Тер Штеген може да биде од корист за Столе Димитриевски. Македонскиот репрезентативец е еден од трите опции да се пресели во Барселона во јануарскиот преоден рок, нормално како позајмен играч од Валенсија и да биде привремено решение за Ханси Флик до крајот на сезоната.
Со оглед на тоа дека планот на Столе да биде прв голман на Лилјаците пропадна, Мамардашвили и оваа сезона е прв чувар на мрежата бидејќи остана на позајмица на „Месталја“ по реализираниот трансфер во Ливерпул, му се нуди шанса да биде дел од тимот на Барса кој атакува на титулата во шпанското првенство.
Димитриевски може да си го исполни сонот кој не му се оствари пред две години кога требаше да стане член на каталонскиот гигант, иако тоа би значело само една полусезона додека чека Грузиецот конечно да замине на „Енфилд“.