Фудбал

СТИГНА ПОТВРДА: БАРСА БЕЗ КАПИТЕНОТ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

Барселона го потопи Виљареал со 5-1, но убедливата победа ја плати скапо, откако голманот и капитен Марк Андре Тер Штеген заработи тешка повреда на коленото.

Стигна потврда од клубот, германскиот репрезентативец уште денес му закажаа операција, додека целосно закрпенување и враќање на терените му се предвидува дури за 8 месеци. Ова е тежок удар за тимот на Ханси Флик  по ветувачкиот старт на сезоната во која Барса најави борба за сите трофеи за кои се натпреварува.

Меѓу диреците ќе застане Ињаки Пења, заменикот на Тер Штеген, што воедно ќе биде шанса за него да се докаже како уште еден квалитетен производ на Ла Масија.