ЕЛМАС ЌЕ ГИ СКРШИ СРЦАТА ВО ФЕНЕР И ЌЕ ПОТПИШЕ ЗА ТУРСКИОТ ПРВАК?
Објавено на: 12.09.2024
Во финишот од трансфер-прозорецот во Турција, Галатасарај се обидува да го ангажира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, на едногодишна позајмица.
Елмас, како поранешен член на Фенербахче, би можел да ги разочара фановите на турскиот гигант доколку се согласи да потпише за актулениот шампион кој е голем ривал на Фенер.
Нашиот дијамант би било добар потег со оглед на тоа дека не добива минутажа во Лајпциг иако во јануари годинава пристигна за 24 милиони евра од Наполи. Во Галата би имал позначајна улога, но ќе игра во Лигата на Европа наместо во Лигата на шампионите.
Галатасарај во меѓувреме воспостави контакт со бундеслигашот околу услугите на Елмас, па за брзо ќе се дознае судбината на македонската „7-ца“.