Фудбал

ГОЛОТ СО ГРАДИ НА ФРАТЕЗИ (ВИДЕО)

Давиде Фратези можеби не добива голема минутажа во Интер, но затоа ги користи сите прилики во италијанскиот дрес.

Играчот од средниот ред на италијанскиот шампион повторно беше стрелец за Италија, негов втор откако постигна гол и против Франција пред 3 дена.

Но овој, мора да се признае дека е голема мајсторија. На нафрлена топка од Димарко, неговиот соиграч од Интер, тој мајсторски се снајде и наместо со глава постигна гол со гради.

Италија води со 0:1 против Израел по првото полувреме.