Фудбал

БРАЈТОН ВО ПРЕГОВОРИ СО ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН

Отстапувањето на Болоња од трката за потписот на Матс Хумелс го отвори патот за Брајтон да тргне по ангажман на искусниот германски стопер.

Претставниците на премиерлигашот оствариле позитивни преговори со Хумелс околу потенцијален ангажман, а како што пренесуваат англиските медиуми, на Германецот му се допаѓа проектот. Ексфудбалерот на Борусија Дортмунд би бил огромно засилување за Брајтон, особено што нема потреба да се плати отштета за неговите услуги по завршувањето на неговата соработка со Милионерите.

Останува да се види дали потрагата на Хумелс по нов предизвик ќе заврши со преселба на Островот, каде би пристигнал со реноме на актуелен европски вицешампион.