Фудбал

РИВЕР ГО ИМА НОВИОТ АРГЕНТИНСКИ БИСЕР: 16-ГОДИШНИОТ МАСТАНТУНО ГО РАСПЛАКА ДЕМИКЕЛИС ПО РЕМЕК-ДЕЛОТО ОД СЛОБОДЕН (ВИДЕО)

За Франко Мастантуно допрва ќе се зборува, а ова момче на Риве плејт е новиот бисер на аргентинскиот фудбал, го потврди тоа ноќеска носејќи ја победата против Сармиенто.

Се играше 87-та минута кога домаќините добија шанса да се заканат од прекин, а 16-годишниот Франко ја презеде одговорноста да изведе слободен удар од околу 25 метри. Со неговата посилна, лева нога, потегна маестрално и го погоди единствениот простор кој голманот не можеше да го покрие.

Ова беше негов прв сениорски лигашки гол за Ривер, ремек-делото со кое ги освои трите бода за неговиот тим, беше причина што тренерот Мартин Демикелис не можеше да ги контролира емоциите, а ниту солзите.