Останато

КОИ СЕ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈМНОГУ МЕДАЛИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ?

Приближно 10.500 спортисти од сите краиша на светот денес ја започнаа „потерата“ по медал на Олимписките игри, кои освен златото, среброто или бронзата, на секој од нив ќе има и по парче од Ајфеловата кула.

Норвешка беше неприкосновената земја на претходните Олимписки игри, но во зимска варијанта во Пекинг, освојувајќи 37 од кои 16 златни, додека на претходните летни пред 3 години во Токио, САД со 113 медали беше единствената земја со троцифрен број, следена од Кина, Русија, Велика Британија и Јапонија.

Но доколку се прашуваш кои се земјите кои се на вечната листа по бројот на освоени медали, подолу можеш да го најдеш одговорот:

Според Олимпискиот комитет, САД се неприкосновениот лидер по бројот на освоени медали, вкупно 2.975. Колку се надмоќни Американците е фактот што само спортистите од Мериленд, на игрите во 2016 би биле второпласирана нација.

Зад нив следи Советскиот Сојуз, кој се натпреварувал под тоа има и тоа знаме до 1991, освојувајќи 1204 медали. Можеби доколку опстоел би биле блиску до Американците, но денес поранешните советски републики како Русија, Украина, Ерменија, Грузија и останатите се натпреваруваат посебно, па така Украина во 2021 година освои 19 медали, Грузија 8, Ерменија 4.

Зад Советкиот Сојуз следи Германија, која исто како и Советите, настапуваше како Западна и Источна Германија во минатото.

КОЈА Е РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА СО НАЈМНОГУ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ?

Вечната табела е следна:

1. САД: 1.179 медали
2. СОВЕТСКИ СОЈУЗ: 473 медали
3. Германија: 342 медали (по осамостојување)

Велика Британија, Франција, Италија, Кина, Шведска  и Норвешка се исто така репрезентации со повеќе од 200 златни медали, додека кај среброто, повторно лидер е САД, па Советскиот Сојуз, па Германија.