И ПОКРАЈ КАРТОНСКИТЕ КРЕВЕТИ, РАЗДЕЛЕНИ 300.000 ПРЕЗЕВАТИВИ МЕЃУ ОЛИМПИЈЦИТЕ
Објавено на: 26.07.2024
Организаторите на Олимписките игри во Париз ја отстранија забраната за полови односи меѓу спортистите кои дојдоа во француската метропола за глобалниот спортски настан.
Во Градот на Светлината има повеќе од 10.000 спортисти кои во следните 30-тина дена ќе се борат за најпестижните спортски одличја, а покрај акцијата на терените, салите и базените, се очекува акција и надвор од нив.
Картонските кревети по сите изгледи се доста издржливи и покрај нивната анти-секс намена, па организацијата превентивно одлучи да раздели околу 300.000 презервативи меѓу спортистите. Секој спортист има повеќе од 20 презервативи на располагање да ги искористи додека е во олимпиското село.