ЉУЉ И РЕАЛ, ЉУБОВ КОЈА ТРАЕ РЕЧИСИ ДВЕ ДЕЦЕНИИ
Објавено на: 25.07.2024
Реал Мадрид и официјално ја обнови соработката со ветеранот Серхио Љуљ до јуни 2025 година, со што шпанскиот бек ќе постави недопирлив рекорд.
Љуљ и во својата последна сезона во кариерата ќе го носи кралскиот дрес, како што го носи од својата 19-та година кога во 2007 година првпат стави потпис на договорот со еден од најуспешните кошакарски колективи во Европа.
Рекордот од 1.093 настапи за Реал ќе стане апсолутен во новата сезона, кога Серхио ќе ги подобри овие бројки. Инаку, досега Љуљ уживаше огромен успех како дел од Реал, освојувајќи вкупно 28 трофеи, од кои 3 се титули во Евролигата.