Фудбал

РАЗБРА ДЕКА ГО БАРА ЧЕЛСИ И ПОКАЖА ДЕКА Е „ПРЕЦИЗЕН“ КАКО ТОРЕС (ВИДЕО)

Брзоногиот офанзивец на Дортмунд, Карим Адејеми, претендира за најтешко промашување на сезоната иако не е ни почната.

Во пријателскиот дуел против тајландски Потум, кој европскиот вицешампион го загуби со големи 4-0, Адејеми го промаши невозможното од зицер позиција.

Наместо да го круниса одличниот контранапад со лесен погодок, обидот на Германецот заврши блиску до дирекот, иако шутираше од непосредна близина на противничкиот гол.