СТОЛЕ ИМА ЕВТИНА КЛАУЗУЛА КОЈА МУ ОВОЗМОЖУВА ДА ЗАМИНЕ ОД ВАЛЕНСИЈА УШТЕ ОВА ЛЕТО
Објавено на: 23.07.2024
Столе Димитриевски на почетокот од летниот преоден рок конечно го оствари долгоочекуваниот трансфер во Валенсија, потпишувајќи договор со Лилјаците како слободен играч.
Македонскиот репрезентативец треба да биде прв голман на шпанскиот клуб во новата сезона, но тој план може да се смени доколку Валенсија не успее да го продаде Мамардашвили, кој е ставен на трансфер-листа со цена меѓу 40 и 50 милиони евра. Иако за грузискиот голман имаше доста интерес, засега тој останува член на Валенсија, а доколку до крајот на преодниот рок не замине, веројатно ќе му го преземе местото на нашиот Столе.
Валенсија е подготвена за ова сценарио така што постави клаузула од смао 3 милиони евра во договор на Димитриевски и слобода уште ова лето да замине во друг клуб доколку Лилјаците не можат да му ја исполнат гаранцијата дека ќе биде прва опција меѓу диреците.