ФЛИК ВЕЌЕ ПОЧНА ДА ТАКТИЗИРА ЗАЕДНО СО НОВАТА ДЕСНА РАКА
Објавено на: 17.07.2024
Тијаго Алкантара од денес и официјално е дел од стручниот штаб на Ханси Флик во Барселона, соопшти шпанскиот гигант.
Алкантара на 33-годишна возраст веднаш по пензиониањето од професионален фудбал заплива во тренерските води, па напоредно ќе работи на лиценцата додека му помага на Флик околу обврските на првиот тим.
Тијаго како производ на школата Ла Масија многу добро го познава клубот, но и одлично се познава со Флик од периодот кога соработуваа во Баерн Минхен и заедно ја освоија тројната круна во 2020 година.
Она што Флик очекува од Тијаго е да му помогне во изградбата на позитивна атмосфера во соблекувалната, но и да биде еден вид на пример за помладите играчи кои се интегрирани во сениорскиот тим.