Кошарка

ЕМБИД ДОБИ ЗАСИЛУВАЊЕ ОД ЗАПАДОТ: ЏОРЏ 4 ГОДИНИ ВО СИКСЕРС

Филаделфија севентисиксерс доби ново дуо во ростерот, по ангажманот на Пол Џорџ од ЛА Клиперс.

Џорџ се врати во Источната конференција по подолг период, откако потпиша договор на четири години со Сиксерс вреден максимални 212 милиони долари. Ова е веројатно последен обид на оваа генерација на Филаделфија предводена од МВП Џоел Ембид, во обидот да стигнат до шампионската титула во НБА.

Џорџ имаше прилично успешна сезона во минатата 2023/24, со просек од 22.6 и 5.2 скока по натпревар, а со Клиперс стигна само до првата рунда во плејофот, каде претрпе елиминација од вицешампионите Далас.