ЕВРО 24

НАЈЛУДАТА ПРОСЛАВА ЗА ИЗРАМНУВАЧКИОТ ГОЛ НА БЕЛИНГЕМ СЕ СЛУЧИ ВО ПАБ ВО АНГЛИЈА (ВИДЕО)

Англија со многу мачење се пласира во топ 8 фазата од Европското првенство, откако Кејн постигна гол за 2-1 во дополнителните 30 минути од дуелот против Словачка, а Белингем претходно го спаси Гордиот Албион од елиминација во последните секунди од регулраното време.

Со маестрални ножички Џуд израмни на 1-1 во 90+5 минута, гол кој се славеше лудо на трибините на „Велтинс арена“, како и низ цела Англија.

Дефинитивно најлудата прослава се случи во еден англиски паб, каде фановите со разочарување ги проследија последните минути. Некои веќе и не обрнуваа внимание и си играа билјард, а кога Белингем погоди за 1-1 почна лудилото.