Фудбал

ТОТЕНХЕМ ГО ЗАСИЛУВА СРЕДНИОТ РЕД СО ГОЛЕМ АНГЛИСКИ ТАЛЕНТ

Тотенхем е блиску да го реализира првиот трансфер за ова лето, а станува збор за еден од најперспективните англиски фудбалери, Арчи Греј.

Талентот на Лидс се сели во северниот дел од Лондон за сума од 40 милиони фунти, а по медицинските прегледи ќе стави потпис на повеќегодишен договор со Петлите.

Греј иако во мај годинава наполни 18 години, за Лидс играше во сите натпревари во минатата сезона, придонесувајќи тимот да се бори за пласман во Премиер лигата. Талентираниот играч за врска веднаш ќе конкурира за место во првиот тим кај Анге Постекоглу, наместо да биде проследен на позајмица.