ВОЛЦИТЕ ИЗВИСИЈА, ПРЕМИЕРЛИГАШИТЕ ГЛАСАА ВО КОРИСТ НА ВАР
Објавено на: 06.06.2024
Премиерлигашките клубови и управата на лигата денес го одржаа годишниот состанок на кој главната тема беше ВАР-технологијата и потенцијалното отстранување на системот од употреба.
Сепак, тоа не се случи, бидејќи клубовите излгасаа со 19-1 „ЗА“ ВАР-технологијата да се користи и во следните сезони од најелитното англискот фудбалско натпреварување.
Вулверхемптон беше клубот што поднесе петиција да се отстрани системот по низата катастрофални грешки од страна на системот, а и судиите. Сепак, останатите клубови не излегоа во пресрет на Волците, па така ВАР останува во Премиер лигата.