ЃОКОВИЌ НА ПАТЕРИЦИ, НО ВО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА КОЛЕНОТО (ФОТО)
Објавено на: 06.06.2024
Новак Ѓоковиќ вчера успешно ја помина операцијата на коленото, повреда поради која мораше да се откаже од Ролан Гарос пред четвртфиналиот дуел со Каспер Руд.
Ова е прва фотографија по операцијата, Ѓоковиќ е на патерици, но е во добро расположение и опркужен со најблиските.
View this post on Instagram
Оваа повреда го оттргна и од Вимблдон, бидејќи му следуваат три недели мирување пред Новак да почне повторно да тренира, а целта е да биде подготвен до 27 јули за настапот на Олимпијадата во Париз, каде ќе го брка златниот медал.