КОИ СЕ НАЈМАЛИТЕ СТАДИОНИ НА КОИ ЌЕ СЕ ИГРААТ ДУЕЛИ ВО ЛШ СЛЕДНАТА СЕЗОНА?
Објавено на: 06.06.2024
За oтприлика четири месеци ќе почне новата сезона во Лигата на шампионите, што ќе значи почеток на една нова ера во ова натпреварување со изменет натпреварувачки систем и дури 36 екипи.
Зголемениот број на учесници ќе значи повеќе возбудливи натпревари уште во лигашката фаза, а ќе има доста дебитанти како Жирона и Болоња.
Токму првоспоменатиот тим кој доаѓа од Ла Лига го има стадионот со најмал капацитет по бројот на седишта, па ќе биде интересно да се види каква ќе биде атмосферата кога во вторниците и средите рефлекторите ќе се вклучат за дуелите од најелитното клупско натпреварување на Стариот Континент.
- Стадион „Монтиливи“ – 14.624 седишта (Жирона, Шпанија)

2. Стадион „Френси-Ле Бле“ – 15.931 седишта (Брест, Франција)

3. Стадион „Либернауер“ – 16.364 (Штурм Грац, Австрија)

4. Стадион „Луј Втори“ – 16.360 седишта (Монако, Франција)
