Фудбал

ЏАНИ ГО СРЕТНА ЏАНИ…ПРЕД ШАЛТЕР ВО БАНКА (ФОТО)

Од Европско, директно во банка. Можеби има уплата од Лидс, или пак од другите заинтересирани клубови. Дојде Џани пред шалтер и го сретна Џани, „дрибла“ како се уште да е на ЕУРО.

Езгјан Алиоски во Македонија ги ужива слободните денови откако заврши со обврските во фудбалската репрезентација на Македонија. Беше во родното Црнилиште, но „скокна“ и до Скопје да се види со пријателите.

Во наредните денови се очекува да донесе одлука и каде ќе ја продолжи кариерата. Има понуда за продолжување на договорот со Лидс Јунајтед, но и неколку други понуди од Англија, Италија и од Турција.