Фудбал

ПЕРИШИЌ Е ПОЗИТИВЕН НА COVID-19, НЕМА ДА ИГРА ПРОТИВ ШПАНИЈА

Хрватскиот ас Иван Перишиќ вчера вечерта по тестирањата пред натпреварот со Шпанија е позитивен на COVID-19.

На Хрватот му е дадена изолација од 10 дена, а останува се уште непознато дали и други играчи од Хрватската репрезентација се позитивни на вирусот. Информацијата ја потврдија и од фудбалскиот сојуз на Хрватска.

Изолацијата на фудбалерот на Интер ќе биде голем удар за Златко Далиќ, бидејќи крилото на Хрватска до сега постигна два битни гола во групната фаза.