КИЛИЈАН, ГО ИМАМЕ БРАТ ТИ…ДОЈДИ ДА ПОТПИШЕШ НОВ ДОГОВОР, ИЛИ…
Објавено на: 26.06.2021
Пари Сен Жермен е на голема мака, дали ќе успее да го задржи Килијан Мбапе, една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. Но, претседателот Насер Ал Келаифи смисли добар план.

Потпиша тригодишен договор со Итан Мбапе, помалиот брат на Килијан, верувајќи дека тоа ќе влијае и на иднината на одличниот напаѓач и француски репрезентативец.
Неговиот договор истекува следното лето, а ПСЖ нема намера да му дозволи да си замине и да се пресели во Реал Мадрид.