Фудбал

ОБЈАВЕНА СНИМКА КАКО РОЈ КИН ФИЗИЧКИ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ФАН НА АРСЕНАЛ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од безбедносните камери на „Емирати“, на кое се гледа како Рој Кин тргнува во физичка пресметка со еден фан на Арсенал.

Инцидентот се случил лани во септември за време на еден натпревар на Топчиите во Премиер лигата, по што настана голема мешаница во просториите на лондонскиот клуб.

Кин тргна по навивачот и веднаш се пушти да покаже сила, па мораше да интервенира и Мика Ричардс за да не се случи поголема глупост.