Фудбал

ДА СЕ НАЕЖИШ: АТИНА ВО МОМЕНТОТ КОГА ОЛИМПИЈАКОС ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА ВО ЛК (ВИДЕО)

Олимпијакос за првпат во својата историја освои европски трофеј во фудбал, откако вчера тимот од Пиреја славеше минимално против Фиорентина во финалето на Лигата на конференции.

Мечот за титулата се играше токму во грчката метропола, и тоа на стадионот на АЕК, лутиот ривал на Олимпијакос. Голем дел од навивачите не можеа да го гледаат натпреварот од трибини, но затоа во центарот на Атина беше поставено платно каде се пренесуваше мечот.

Во моментот кога по повеќе од 120 минути игра, судијата свирна за последен пат, почна и неверојатната прослава на црвено-белите фанови, кои запалија стотици факели и го обоија градот во црвено.