ДИ МАРЦИО: МУРИЊО ИМА НОВ КЛУБ!
Објавено на: 31.05.2024
Џанлука ди Марцио, реномираниот италијански новинар, тврди дека Жозе Мурињо го договори својот следен ангажман, и тоа во Фенербахче.
Наводно португалскиот стратег се согласил на двегодишен договор по успешните преговори со спортскиот директор на Фенербахче, Марио Бранко. Во текот на денот треба да стигне официјална потврда дека Специјалниот се сели во Турција по нов предизвик.
Мурињо по сите изгледи се враќа во фудбалот по пауза од неколку месеци, откако беше отпуштен од Рома. Пред извесно време се поврзуваше и со третиот турски гигант, Бешикташ, но предност имаше Фенер поради учеството во Лигата на шампионите.