Кошарка

ЗА ЈАНИС, АТАМАН Е НАЈДОБРИОТ ТРЕНЕР НА СВЕТОТ (ВИДЕО)

Јанис Антетокумпо беше специјален гостин на Фајнал 4 турнирот на Евролигата, седејќи во првите редови заедно со Скоти Пипен и Денис Шродер и од блиску ја следеше прославата на Панатинаикос и неговиот брат откако го совладаа Реал Мадрид во финалето.

На крај, сите се впуштија на паркетот, честитајќи си меѓу себе, а Јанис му се упати на турчинот Атаман, кој од оваа сезона го предводи Панатинаикос и во првата своја сезона го донесе до европскиот трон иако многумина не го очекуваа тоа по лошиот старт на сезоната.

Тој му порача дека за него, Атаман е број 1 тренер во светот и би сакал во иднина да игра за некој тренер како него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

За потсетување, Ергин Атаман стигна до својата трета титула во Евролигата во последните 4 години. Две со Ефес и една со Панатинаикос. Она што се поставува како прашање е што ќе одговори на ова Док Риверс, тренерот на Милвоки Бакс каде што настапува Антетокумпо?