ЃОКОВИЌ БЕЗ ТРЕНЕР НА РОЛАН ГАРОС?
Објавено на: 26.05.2024
Дека коцките на Новак не му се наместени, освен лошата форма во претходниот период докажува и промената на тренерот на само ден пред првиот настап на Ролан Гарос.
Неговиот поранешен колега, Ненад Зимунуиќ беше ангажиран од Новак по раскинувањето на соработката со Горан Иванишевиќ, во потрага по нова динамика, сила и свежина на Србинот оваа сезона. Неговиот перформанс не беше брилијантен на Аустралијан Опен, не успеа да победи на некој голем Мастерс и без големи очекувања како што и самиот најави го започнува походот по одбраната на титулата во Париз.
Сепак, денес како гром од ведро небо се појави информацијата дека по поразот во Женева, Новак Ѓоковиќ решил да ја прекине соработката со Зимуниќ, а во Париз ќе настапи без тренер.
Тој го започнува турнирот во Париз во вторник против Хербер, 143 играч во светот.