Фудбал

ШПАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА, НА КЛУБОВИТЕ ИМ СЕ ЗАКАНУВА ИСФРЛАЊЕ ОД ЕВРОПСКИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА

Шпанското јавно обвинителство започна истрага против фудбалската федерација на Шпанија околу корупција и потенцијално вмешување на политички поединци од тамошната влада.

УЕФА и ФИФА будно ја следат целата ситуација и чекаат разврска, а доколку се докаже каква било корупција, ќе се потврди и кршење на законите на ФИФА.

Доколку се докаже, казните ќе бидат драконски. Можно е шпанските клубови да бидат исфрлени од европските натпреварувања, додека фудбалската репрезентација на Шпанија може да добие забрана за учество на претстојното Европско првенство, а воедно да го загуби домаќинството за Светското првенство 2030 година, за кое Шпанија е домаќин заедно со Португалија и Мароко.