Фудбал

МИОВСКИ ГО НАПУШТА АБЕРДИН ЗА ДА ИГРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ?

Бојан Миовски ги решета мрежите и во втората негова сезона во Шкотска, веќе подобрувајќи го својот најдобар учинок од 18 гола, на веќе 24 во дресот на Абердин.

Квалитетот и формата на Миовски не останаа незабележани, постои голем интерес за услугите на голгетерот од Штип, а први во редот се шкотските гиганти Селтик и Ренџерс. Сепак, се појави уште еден клуб кој веројатно ќе направи конкретни чекори за потписот на Миовски штом заврши актуелната сезона.

Станува збор за холандскиот вицешампион Феенорд, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите по директниот пласман преку Ередивизија. На тренерот Арне Слот му е потребен напаѓач кој ќе го пополни местото на Сантијаго Мартинес, кој е на излезна врата, а токму Миовски би можел да биде решението.

Наводно, Абердин бара минимум 7 милиони фунти за Миовски, ќе видиме кој клуб е подготвен да ја плати сумата.