Фудбал

ИСТОРИЈА ВО МЛАДИНСКАТА ЛШ: ОЛИМПИЈАКОС Е ЕВРОПСКИ ПРВАК (ВИДЕО)

Олимпијакос е новиот европски шампион за фудбалери до 19 години, откако грчкиот состав попладнево го нокаутира Милан со убедливи 3-0 за прва историска континентална титула.

Сензационалниот поход на младите грчки фудбалери беше крунисан со маестрални ножички по кои јасно беше кој ќе биде победник во финалето кое се одигра во Нион.

Олимпијакос на патот до историската титула елиминираше тимови како Интер, Ленс, Баерн Минхен и Нант во полуфиналето.