Фудбал

МИОВСКИ МЕЃУ 11-ТЕ НАЈДОБРИ ВО ШКОТСКА: НЕ МОЖАМ ДА ОПИШАМ КОЛКУ МИ ЗНАЧИ!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, се огласи на социјалните мрежи откако беше избран меѓу најдобрите 11 во шкотскиот Премиершип за сезоната 2023/24.

Ова е големо признание за македонскиот голгетер кој има фантастична сезона во дресот на Абердин со 24 погодоци, од кои 14 му се во првенството. За Миовски ова е потврда дека моментално е најдобар напаѓач во Шкотска.

„Силно верувам дека со напорна работа ќе ти дојде сè што ќе посакаш. Задоволство ми е што сум избран во тимот на сезоната. Не можам да ви опишам колку ова ми значи. Ви благодарам на сите“, напиша Миовски на својот твитер-профил.

Со оглед на формата и квалитетот што го покажува, многу веројатно ова е последна сезона на Миовски во Абердин, бидејќи прв во редот за неговиот потпис е шкотскиот гигант Селтик, а во меѓувреме се поврзува и со неколку англиски второлигаши кои се борат за пласман во Премиер лигата.