Фудбал

НЕУСПЕШEН ОБИД НА МИЛАН ДА ЈА СПРЕЧИ ШАМПИОНСКАТА ПРОСЛАВА НА „САН СИРО“

Интер вчеравечер го доби шестото последователно дерби против Милан, а конечните 2-1 на „Сан Сиро“ значеа дека Нероаѕурите по 20 пат ќе владеат со фудбалска Италија.

Тимот на Инзаги успеа да испише историја, првпат Скудето да се освои со победа над лутиот градски ривал, што многу ги налути симпатизеите на Милан и одговорните за целиот настан на култниот стадион.

По последниот судиски свиреж, трибините обоени во цвено-црно експресно се празнеа, додека околу 7.500 фанови на Интер останаа да ја слават новата титула во Серија А, за што наидоа на пречка во тоа. Човекот задолжен за музика на стадионот пуштил електронска музика толку гласно за да не се слушнат скандирањата на „Курва Норд“.

Сепак, тоа не го спречи Интер и своите навивачи да слават на „Сан Сиро“, а фештата потоа продолжи низ улиците на Градот на Модата.