МЛАДИОТ ФАН НА МИЛАН НИЗ СОЛЗИ ГО СЛЕДИ ГРАДСКОТО ДЕРБИ (ВИДЕО)
Објавено на: 22.04.2024
Интер води со 2-1 во големото градско дерби против Милан, во кое Нероаѕурите по последниот судијски свиреж и официјално ќе бидат новите шампиони на Италија.
Во сино-црниот дел од Милано вечерва ќе се слави 20-тото Скудето, Интер ќе добие втора ѕвезда на дресот, а сето тоа му падна многу тешко на младиот фан на Милан.
Serie A titles:
Inter – 20
Milan – 19AC Milan fans:pic.twitter.com/j1QP6l5pI0
— Troll Football (@TrollFootball) April 22, 2024
Камерите го забележаат детето на трибини кое со насолзени очи го следи дербито и ги брише солзите со шалот на Милан. Воедно плаче затоа што Интер веројатно ќе ја забележи шестата последователна дерби-победа против неговиот клуб, но и дека лутиот ривал ќе се радува на титулата.