ЛИВЕРПУЛ ЈА ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ПО НАСЛЕДНИК НА КЛОП?!
Објавено на: 09.04.2024
Германски „Скај“ тврди дека Ливерпул постигна вербален договор со Рубен Аморим, предводникот на Спортинг Лисабон. Португалскиот стратег се согласил на тригодишен договор со Црвените почнувајќи од 1 јули, кога и официјално Јирген Клоп ќе го напушти клубот.
Според германскиот медиум, потрагата по наследник на Клоп заврши со договорањето на 39-годишниот Аморим, за кого Ливерпул ќе мора да плати 10 милиони евра според клаузулата која му стои во договорот со Спортинг.
Ливерпул претходно имаше неуспешни обиди за ангажман првично на Симоне Инзаги од Интер, а потоа и на Чаби Алонсо од Баер Леверкузен, но по два негативни одговори, Аморим се истакна како трета среќа за гигантот од Мерсисајд.