ЗНАЕШ ДЕКА СИ ПОСЕБЕН КОГА ДОБИВАШ ОВАЦИИ НА „БЕРНАБЕУ“, А СИ ДЕТЕ НА БАРСА (ВИДЕО)
Објавено на: 27.03.2024
Ламине Јамал блесна во пријателското дерби меѓу Шпанија и Бразил, кое вчера се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид при конечни 3-3.
Детето на Барселона го изнуди првиот пенал за Фуријата, но и му асистираше на Олмо за вториот гол, а севкупниот настап беше испратен со аплаузи од трибините.
View this post on Instagram
Со само 16 години, Јамал веќе се покажува како важен играч за составот на Де Ла Фуенте, ставајќи крај на било какви сомнежи за неговиот потенцијал кој допрва треба да го покажува. Ретка глетка е еден производ на „Ла Масија“ да добие стоечки овации на ривалски стадион.