Фудбал

КВАРАЦХЕЛИЈА И КОМПАНИЈА СО ТРАДИЦИОНАЛЕН ГРУЗИСКИ ТАНЦ ГО СЛАВЕА ПЛАСМАНОТ НА ЕП (ВИДЕО)

Грузија за првпат во својата историја ќе игра на едно Европско првенство, кое летово ќе се одржи во Германија.

Ако пред три години Македонија ги спречи во овој историски подвиг, кога избраниците на Мрме токму преку нив заиграа на ЕП 2021, сега Грузија беше подобра од Грција на пенали и ќе биде меѓу европскиот фудбалски крем.

Квича Кварацхелија, првата ѕвезда на оваа репрезентација, во водеше колото во соблекувалната, Грузијците распеани го играа нивниот традиционален танц.